Филипче: Ако знаевме дека Кризниот штаб во Куманово е тестиран и чека резултати, поинаку ќе постапевме

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес конференција рече дека не биле инфромирани дека дел од членовите на Кризниот штаб на Куманово, вклучително и градоначалникот, чекале резулатите за корона вирус.

-Ние немавме информации дека на дел од Кризниот штаб им биле земени брисеви и се чекаат резултати. Да го знаевме тоа, поинаку ќе постапевме. Сепак, знаејќи дека одиме во таков регион, сите носевме маски. А, зошто не сме биле известени, одговорот треба да го барате од присутните таму, рече Филипче.

Поврзани новости