За наставата со физичко присуство имаме две резервни сценарија ако се влоши епидемиолошката состојба, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додаде дека здравјето на учениците е приоритет, како физичкото така и менталното.
-Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот. Наставата ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар. Во Србија, наставниот процес ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Учениците ќе да носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците. Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Родителите на децата што одат во училиште и градинка да се вакцинираат, порача тој.