Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за одењето во црква за велигденски празници, рече дека категорично останува на ставот дека не смее да има групирање на граѓаните.
-Влегуваме во најкритичната фаза на епдемијата, каде бројот на заразени расте. Сите имаме одговорност, собирања од било каков тип се голем ризик. Апелирам до граѓаните да го прослават празникот соодветно на ситуацијата и да се придружуваат до препораките.
Собирите се апсолутно недозволиви. Апелирам да се почитуваат. Не сум разговорал со со претставници на МПЦ, но има одлука на Влада со која се забрануваат собирите. Ако сега не се почитуваат мерките, без разлика кој е поводот, тоа значи дека даваме шанса за уште еден пик за две недели од сега. Ништо нема да се изгуби ако овој празник се прослави дома. Тоа е инвестиција во здравјето, рече Филипче.