Филипче: Ако лани на 14-тиот ден сметавме дека пациeнтот е излечен, сега тој период се влошува состојбата

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечрашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека овој бран на корона вирус е многу поразличен од оној лани.

-Не можеме да го споредуваме претходниот бран со овој, освен во времетрањето на бранот. Што е различно? Тоа е процентот на хоспитализација кој лани беше 7, а сега е 12-13. Тоа се должи на британскиот сој кој е полесно пренослив и дава поинаква клиничка слика. Ако минатата година на13-14 ден, сметавме дека пациентот е излечен, сега во тој период се случува влошување. Влошување до тој степен да пациентот не може да се спаси, вели Филипче.

Поврзани новости