Филипче: Ако имате температура, треска, кашлица и отежнато дишење јавете се на вашиот матичен лекар

by fokus

Ако имате симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, јавете се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета, ќе утврдат дали треба да се тестирате или не, вели минстерот за здравство Венко Филипче.

-Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, појаснува министерот.

Филипче додава дека од вчера во функција се 14 центри за тестирање на територијата на целата земја за земање на брисеви и тие се веќе објавени на сајтот на „Мој термин“.

-Со ова, практично, во функција ги ставаме сите, близу, 1.200 матични лекари, кои ќе се вклучат во процесот на дијагноза, но и во водењето на пациентите, вели министерот.

Поврзани новости