Филип Рикер стана главен преговарач на САД за Украина

by Fokus

Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, го назначи екс амбасадорот во Македонија Филип Рикер за главен преговарач на САД за Украина, за кавкаските преговори во Женева (Грузија) и за спорот во Нагорно-Карабах.

-Амбасадорот Рикер ќе служи како копретседавач на Минск група на ОБСЕ и главен преговарач за американската делегација на меѓународните дискусии во Женева во овој критичен период, стои во соопштението од Стејт департментот.

„САД се посветени да им помогнат на Ерменија и Азербејџан да преговараат за долгорочно политичко решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах. Амбасадорот Рикер ќе се ангажира билатерално, со партнери како што е Европската унија и преку неговата улога како копретседавач на Минск групата на ОБСЕ, за да го олесни директниот дијалог меѓу Ерменија и Азербејџан“, се вели во соопштението.

Поврзани новости