Директорот на Државниот архив и еден од најгласните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, пред неколку години во колумна објавена во дневниот весник „Дневник“ во 2011 година, сведочи дека најголем дел од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ гласаат под принуда, а не по своја волја и дека ДПМНЕ секои избори прави фалсификат на истиот начин.
-Оти луѓето минатите години навистина мислеа дека Никола има поддршка штом толку многу луѓе гласале за него. А вистината е сосема поинаква. Малкумина гласаат за него по слободна волја. Многу поголем дел гласа под принуда. Ова не е начин на кој се водат избори во цивилизирани држави. Се чини дека ние навистина со оваа власт се вративме во диктаторски тоталитарни држави каде што немате право да мислите слободно. Колку што се сеќавам ВМРО-ДПМНЕ беше создадена токму за да се спротивстави на ова при преминот во повеќепартискиот систем. Затоа, жално е да се гледа како таа партија се претвори во свој антипод, во најцрната можна варијанта која е спремна да ве изгази без пардон, пишува Петровски во 2011 година.