Филип Лазаров по поразот од Хрватска: Покажаа дека се поквалитетна репрезентација

by fokus

Бекот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Лазаров, по поразот од Хрватска со 31-22 во третото коло на Светското првенство, изјави дека противникот одиграл перфектен натпревар и дека покажал дека се поквалитетна репрезентација од нашата.

– Бевме во игра до 50-тата минута, меѓутоа не го одигравме овој натпревар како што треба, не исполнивме некои многу лесни задачи. Промашувавме зицери, празни голови, грешки, секој по една-две. Требаше да одиграме перфектен натпревар денеска за да се надеваме на нешто. Мислам дека тој перфектен натпревар го одигра Хрватска и покажаа дека се поквалитетни од нас. Ние не го исполнивме тоа што требаше за да останеме во игра за победа во овој меч, изјави Лазаров по мечот.

Тој додаде дека поразот го оставаат зад себе и првенството оди понатаму, а целта на „жолто-црвените“ останува следната фаза.

Македонија утре одмара, а веќе во среда во 20,30 часот излегува против Шпанија.

Поврзани новости