Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски го очекува долга пауза од ракометните терени. Тој се повреди пред крајот на првото полувреме од квалификацискиот меч против Турција во Скопје, по што на носилки беше изнесен од теренот.
Деталните прегледи покажале дека ги скинал лигаментите на десната нога.
Кузмановски имаше медицински прегледи во Германија, каде што медицинскиот тим на Вецлар заклучил дека македонскиот ракометар има сериозна повреда и го чека долга пауза.
„Медицинскиот тим на зелено-белите не може да прецизира колку време ќе мора да паузира, но ќе направи се што може за да го врати што побрзо на терените. Кузма, ти посакуваме брзо закрепкување – порачаа од бундеслигашот.
Ракометарот на Вецлар ќе го пропушти остатокот од сезоната во Бундеслигата, а ова е сериозен хендикеп за Вецлар кој води жестока битка за опстанок во првата лига на Германија.