Филијалата на ПроКредит Банка во Тетово со нов изглед!

by Fokus

ПроКредит Банка со особено задоволство ги известува своите клиенти и соработници дека по реновирање на филијалата во Тетово истата е повторно отворена со нов изглед и модерен дизајн, кој воедно ги изразува вредностите и визијата на банката за создавање на позитивна работна култура.

Филијата се наоѓа на истата локација на ул. Борич Кидрич 1, на кружниот тек во строгиот центар на Тетово.

Со цел подобрување на услугите и персонализираниот пристап кон клиентите, ПроКредит ја модернизираше филијалата во Тетово, со што обезбеди уште подобро искуство за своите клиенти и придонесува попродуктивна и поудобна работна средина за вработените.

Клиентите во реновираната филијала ќе имаат пристап и до сите дигитални услуги во новата модерна 24/7 Зона која е опремена со современи банкомати, можноста за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра. Модернизираната 24/7 Зона им овозможува на клиентите во било кое време да си ги завршат своите банкарски обврски без чекање ред за шалтер.

Ве очекуваме на истата локација во нова филијала!

 

 

Поврзани новости