Фијала: Првата испорака на муниција по иницијатива на Чешка пристигна во Украина

by Fokus

Првата испорака на муниција по иницијатива на Чешка пристигна во Украина, соопшти чешкиот премиер Петр Фијала.

Прага иницираше купување муниција за Украина, користејќи средства на членките на НАТО, наведува Ројтерс.

Во мај, Чешка објави дека првите 50.000 до 100.000 артилериски гранати ќе пристигнат во Украина овој месец.

Прага тврди дека досега се обезбедени 1,7 милијарди евра од 15 земји, што е доволно за испорака на половина милион гранати на Украина до крајот на годината.

Дваесетина земји ветија дека ќе учествуваат во чешката иницијатива, но до крајот на минатиот месец само пет извршија исплати – Германија, Холандија, Данска, Португалија и Канада.

 

Поврзани новости