ФИФА прашува: Кој ќе оди на СП, Португалија или Македонија?

by Fokus

Португалија и Македонија утревечер на „Драгао“ ќе се борат за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар оваа година.

И за двете селекции овој е најважен натпревар, а фаворитската улога и припаѓа на Португалија, но и Македонија знае дека има свои шанси кои треба максимално да ги искористи.

Предизвикот е голем и ако сакаме на СП ќе мораме да го срушиме Кристијано Роналдо заедно со останатите негови сонародници. Од друга страна, португалската ѕвезда е под притисок, со оглед на тоа дека има 37 години и ова е сигурно последна можност да заигра на СП.

ФИФА преку социјалните мрежи со фотографија на која на едната страна се Роналдо, Жота и Силва, додека од другата се Трајковски, Барди и Ристовски, постави многу едноставно прашање: Кој ќе оди на СП, Португалија или Македонија. Победникот ќе го дознаеме утре.

Поврзани новости