ФИФА плаќа 209 милиони на клубовите чии играчи играа на СП – Сити најдобро се офајди

by Fokus

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека ќе плати 209 милиони долари на клубовите чии играчи играа на Светското првенство минатата година во Катар.

Највисока сума вторпат по ред ќе добие Манчестер Сити кој е платен околу 4,6 милиони долари. Така, европскиот клупски шампион доби повеќе од сите африкански клубови заедно (4,57 милиони долари).

На второ место е Барселона со заработка од 4,54 милиони долари, додека на третото место е Баерн Минхен со 4,3 милиони долари.

ФИФА соопшти дека исплатата опфаќа 440 клубови од 51 земја, а на сите 837 играчи кои учествуваа на Светското првенство во Катар ќе им биде исплатена дневница од 10.950 долари.

Европските клубови добија 159 милиони долари, 76 отсто од вкупниот фонд, од кои англиските тимови добија 37,7 милиони долари.

Вкупниот износ по играч се распределува на клубот или клубовите за кои фудбалерот настапувал во две години пред натпреварувањето.

Титулата светски првак ја освои селекцијата на Аргентина која во финалето ја совлада Франција по подобро изведување пенали.

Поврзани новости