Бугарија сака да постави споменик на Гоце Делчев во Баница, чека одговор од Грција

by Фокус

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека земјата ќе поддржи иницијатива за поставување спомен-плоча на револуционерот Гоце Делчев во селото Баница, каде тој загина во 1903 година, јави бугарската новинаска агенција БГНЕС.

Радев по средбата со неговата колешка од Грција рече дека двете земји ги оставиле настрана сите противречности во минатото и во моментов се модел и пример за стратешко партнерство и разбирање.

-Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава и се грижи за спомениците на нејзината територија, да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле – изјави Радев.

Доколку има такво барање, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу изјави дека надлежните органи ќе го разгледаат.

Заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија која е формирана во 2018 година, согласно Договорот за пријателство потпишан во 2017 година меѓу двете земји четири години не успеа да дојде до заедничка препорака за чествување на Делчев.

Поврзани новости