Журки и свадби без почитување на корона-мерките, 16 пријави за една ноќ

by Фокус

Најмалку 16 пријави, кривични или прекршочни со платни налози, ќе поднесе Пазарниот инспекторат против угостителски објекти во Скопје, Тетово и во Струмица, откако при инспекциите во изминатата ноќ се утврдени прекршувања на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, како и пречекорување на работното време, изјави за МИА директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

Пауновски наведе пример дека инспекторите синоќа во скопски локал го предупредиле газдата дека треба да ги размести масите, и тој пред нив го направил тоа, но откако тие си заминале таму повторно имало по седум-осум лица на маса.

Исто така, тој посочи дека затекнати се свадбени церемонии во седум објекти,  направени се записници и во наредните три дена ќе бидат преземени мерки за проднесување кривични пријави.

Поврзани новости