ЛДП и ДОМ остануваат во владината коалиција: Граѓаните се доволно мудри

by Фокус

Владејачките ЛДП и ДОМ, кои на овие локални избори настапија одвоено од коалицијата предводена од СДСМ, нема да побараат нивните гласачи да се определат за некој од кандидатите во вториот изборен круг.

Лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој во трката за битолски градоначалник освои повеќе гласови отколку што беше разликата меѓу кандидатите на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави:

„Граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни нашите гласачи овие 30.000 да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови“.

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин, пак, повтори дека нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите.

-Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец – изјави Морачанин.

И двајцата ја отфлрија можноста да ја напуштат власта и да влезат во процес на формирање на ново парламентарно мнозинство, што како можност го најавија опозиционерите Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Поврзани новости