555
Многу прашина се крена околу присуството на министерот за правда, Никола Тупанчески, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основен суд – Кавадарци, Лазар Нанев на натпреварот помеѓу Италија и Македонија во Палермо.
Како што информираа од Фудбалската федерадија на Македонија, тројцата си уплатиле аранжман преку агенција.
Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски за „Фокус“ одби да даде дополнителни појаснувања, посочувајќи дека ФФМ останува на ставот дека секогаш кога се во можност, обезбедуваат гратис-билети.
„Нема смисла да зборуваме за вакви нешта на ден пред најважниот натпревар за македонскиот репрезентативен фудбал. Кажано е веќе за таа работа“, ни изјави Андоновски.
Јорданчо Цветаноски