1.1K
Фудбалската федерација на Македонија е казнета 10.000 евра од УЕФА поради прекршување на ковид протоколите за време на Европското првенство. Санкцијата, како што се наведува, е поради лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот.
Казната треба да се плати во наредните три месеци, а за време на ЕУРО 2020 репрезентативците и стручниот штаб ги напуштиле хотелите во Букурешт и Амстердам , што беше спротивно на Ковид-19 протоколите.