634
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска најави дека премиерот Зоран Заев и Али Ахмети ќе бидат повикани како сведоци во случајот „Монструм“.
-Без разлика дали тој ќе биде премиер, важно е да се каже вистината. Во спротивно, ќе сноси одговорност за лажно сведочење. И Зоран Заев и Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и сите други кои имаат барем една нишка на вмешаност во случајот, ќе бидат повикани да сведочат, рече Фетаи.
Претходно родителите на убиените деца побараа Заев да биде повикан како сведок и да се обезбеди видео материјал од Собранието во кое тој зборува за случајот и кажува дека има нови бомби.