921
Обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми пристигнаа во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека шефицата Вилма Русковска испрашуваше сведоци за истрагата „Рекет”.
На прашање на новинарите, да не дошле и тие за „Рекет“, обвинителката Фетаи кусо посочи дека се дојдени за предметите, односно да се договорат за технички работи.
Од неодамна предметите на СЈО и формално преминаа во Републичкото јавно обвинителство. За предметите кои се во судска процедура обвинителот Љубомир Јовески ги овластува досегашните обвинители, од тимот на СЈО, а засега е непознато дали за истрагите и предистрагите ќе бидат задолжени други обвинители или ќе останат досегашните.
В.В.