498
Ова признание на вина од страна на обвинетиот ќе има позитивно влијание врз целокупниот тек на постапката, изјави обвинителката Фатиме Фетаи по завршување на рочиштето за случајот со насилствата пред општина Центар.
-И за обвинетиот што ја призна вината очекувам осудителна пресуда, но за кривичната санкција треба да се почекаме и да видиме. Имаме две раздвоени постапки, една против обвинетиот Димче Крстев кој што денеска се пожали дека не е здравствено добар и дека е потребно да ангажира адвокат, па од добронамерни причини постаката против него е раздвоена, изјави Фетаи.