Фетаи побара присилно приведување за Груевски, кој повторно доцнеше на судење

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи, побара денеска приведување на екс премиерот Никола Груевски, кој задоцни 20 минути на денешното судење во предметот „Насилство во Општина Центар“.

Фетаи му се обрати на судот и рече дека треба присилно да биде приведено обвинето лице кое е уредно повикано, а не се појави на судење и не го оправда своето отсуство. Сепак Груевски пристигна и во последен момент влезе во судската сала.

На барање на Фетаи судот одлучи да ја раздвои постапката во овој предмет и одделно да му се суди на обвинетиот Митко Пецев, кој денеска по втор пат на се појави на рочиште. Адвокатите го оправдаа неговото отсуство со потврда од доктор за скршеница на пршлен.

Поврзани новости