Фетаи: Обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети на распит

by Fokus

Вицепремиерот Арбен Фетаи вели дека Обвинителството треба да го повика на распит првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи овој во изјава за јавноста кажа дека знаел за локацијата на Артан Груби.

Според Фетаи, обвинителството има законска обврска да го повика Ахмети.

„Али Ахмети изјави дека има сознанија за локацијата на Артан Груби, по кого има меѓународна потерница. Јавното обвинителство, врз основа на оваа јавна изјава, има законска обврска да го повика г. Али Ахмети да го праша каде се наоѓа лицето кое го гони правдата на државата“, напиша Фетаи.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека Артан Груби не е во бегство, бидејќи се наоѓа на албанска територија, давајќи му етничка конотација на бегството на поранешниот втор човек на партијата. Ахмети вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на прогонот, „но правдата не смее да биде одмаздничка и селективна“.

„Господинот Груби, според информациите што ги имам, не сум го сретнал, но е во ред. Неговата локација е секако на албанска територија, тоа е процес на кој мора да има епилог. Тој не побегнал од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата за да ги почитува законите, но не во одмазничка и селективна правда“,рече претходно Ахмети.

Поврзани новости