Фетаи незадоволна од пресудите за „шамарите во Центар“: Судот ги прецени олеснителните околности

by Фокус

Обвинителката Фатиме Фетаи не е задоволна од изречените казни за обвинетите во случајот „Насилство во Центар“, при што најави дека ќе поднесе жалба на пресудите.

-Не сум задоволна од изборот на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција. Сметав дека алтернативна мерка условна осуда доаѓа предвид само за осудениот Игор Бошковски, тоа и го кажав во завршниот збор. За другите обвинети сметав и се уште сметам и затоа ќе се жалам дека освен казна затвор не доаѓа предвид друг вид на кривична санкција – изјави Фетаи, додавајќи дека судот ги преценил олеснувачките околности кои стојат на страна на обвинетите на сметка на отежнувачките. 

Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски денеска беше осуден на казна затвор од една и пол година, а екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна од една година за поттикнување на насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Поврзани новости