Со жалење и загриженост ве известуваме дека ВЛЕН обезбеди фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на Артан Груби, обвинуваaт од коалицијата „Вреди“. Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи од прес-конференција во партиското седиште, порача дека ДУИ за чисто лични интереси ги користи младите како “топовско месо“, само за да ја избегнат правдата што ги чека.
„На ДУИ не им се допадна што Албанците во овие празници слободно славеа од Куманово до Струга, од училишта до плоштади, од плоштади до културни домови, каде што сакаа слободно и финансиски поддржани од институциите во земјата, албанската песна и оро одекнуваше насекаде. Како што гарантиравме од почеток, тоа се случува и во иднина, сите инволвирани во инцидентите на празничната ноќ ќе ја добијат заслужената казна без разлика. Со ова темпо ќе ги демаскираме плановите на поранешната власт за дестабилизација на државата“, рече Фетаи.
Тоа што беше дестабилизиран таканаречениот “Европски Фронт“ не значи дека треба да се дестабилизира државата и тоа што се поделија, не значи дека општеството ќе треба да се подели како нив, посочи Фетаи.
„За на крај, испраќаме порака до мераклијата на казината, Артан Груби, не се обидувајте да ги чепкате Албанците затоа што тие се наш аманет, одговорни сме и за оние млади луѓе кои ги условуваш да прават недолични постапки. Младите не стануваат камикази, о Артане! Лицемерие е да ги поттикнуваш младите да го запалат знамето што ти го носеше во канцеларија. Повторно не успеа, научи ја вистинската лекција, направи една акција со две добри дела! Бегајте од ДУИ, спасете ја партијата што ја уништивте, спасете ги Албанците од вашите планови кои ги жртвуваат младите без милост“, додаде тој.
Повика на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, бидејќи тоа се како што рече, пречки за мир и напредок.