Обвинителката Фатиме Фетаи денеска пред судењето за случајот „Монструм“ изрази разочараност што дел од предметите кои се готови, спремни за обвиненија, седат во кутии. Таа го посочи случајот „Моќник“ во кој обвинет е пратеникот Антонијо Милошоски.
-Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија. Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Конкретно зборувам за „Моќник“ и осомниченото лице Антонијо Милошоски, кој место да си спрема одбрана за во судница, доколку се разбира ни беа поделени предметите, тој излегува по медиуми и дели правни совети, изјави Фетаи пред денешното судење за „Монструм“.