134
Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, која беше дел и од тимот на СЈО, испадна од трката за републички јавен обвинител, по одлука на Советот на јавните обвинители.
Членовите на советот одлучија дека обвинителката нема поднесено комплетна докуменатција.
Во понатамошна трка засега, бидејќи седницата е во тек, остануваат обвинителите Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.
Имено, откако тројцата кандидати поднесоа кандидатури, од Владата побараа мислење од Советот на јавните обвинители за секој од кандидатите. Потоа, од обвинителите кои ќе добијат зелено светло Владата ќе предложи кандидат кој мора да биде изгласан во Собрание.
Валентина Вурмо