484
Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, на покана на Американската амбасада на САД , присуствуваше на Меѓународна антикорупциска конференција „Искоренување на корупцијата, одбрана на демократските вредности“, која од 6-ти до 10-ти декември се одржа во Вашингтон, САД.
На конференцијата учествуваше и Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.
На конференцијата учествувале над 2000 антикорупциски практичари и експерти, носители на политики, бизнисмени, истражувачки новинари и претставници на невладиниот сектор од целиот свет. Една од темите била и отчетноста и транспарентноста на правосудните органи.
В.В.