Фетаи и Бубевски и понатаму ќе бидат надлежни за „Монструм“

by fokus

Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и понатаму ќе го застапуваат обвинението за случајот „Монструм“, по одлука на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Ова информација за „Фокус“ ја потврдија извори од обвинителството.

Оваа одлука се очекуваше, бидејќи станува збор за специфичен случај, со голем број на „бомби“, кои веќе ги преслушале обвинителите, а има и загрозен сведок. Одлуката на Јовески ќе официјализира утре, кога во Кривичниот суд е закажано рочиште.

Ваквата пракса на делегирање на обвинители не е непозната, туку напротив. На пример, обвинителката Гордана Гешкоска, докрај го застапуваше истиот предмет „Монструм“, иако во текот на судскиот процес од обвинител во Организиран криминал и корупција, стана шеф на скопското јавно обвинителство.

Случајот премина во рацете на СЈО, кога Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената пресуда.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година, кај Смиљковското Езеро, кога беа убиени четири момчиња и рибар.

В.В.

 

Поврзани новости