Во Кривичниот суд денеска треба да се оддржи првото рочиште за „Сопот“, откако надележноста за овој случај пред два месеци го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Застапник на обвинението е обвинителката Фатиме Фетаи
Овој случај , во кој десет лица се осудени за кривичното дело тероризам, низ судските лавиринти се провлекува веќе 13 години, а СЈО го презеде откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери, поврзани со судската постапка.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков зборуваат дека за овој чувствителен судски процес треба да се консултира и тогашниот премиер Никола Груевски. И двајцата во разговорот се согласни дека пресудата била донесена врз основа на „тенки докази“.
Обвинетите во „Сопот“ се обвинети дека во 2003 година поставиле мина на пат која експлодирала, при што во експлозијата загинаа војници на НАТО.