Фетаи: Антикорупциска отвори предмет против Скендер Асани, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците

by fokus

Вицепремиерот Арбен Фетаи денеска изјави дека Антикорупциската комисија отворила предмет против директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани, по извештаите во медиумите за финансиски злоупотреби и непотизам во оваа институција, објави „Лајм“.

Фетаи ги повика надлежните институции да ги истражат сите овие сомнежи покренати во медиумите.

„За жал, пред празниците ги читавме извештаите во медиумите. Јас лично со загриженост ги следев пријавите, има сомнежи за големи финансиски злоупотреби, судир на интереси, непотизам и некои други сомнежи, поради кои Државна комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против директорот на Институтот“, изјави вицепремиерот.

Поврзани новости