Фестивалот Егзит во Србија, сепак нема да се одржи годинава

by Fokus

И покрај тоа што на интернет страницата за продажба на билети, Купи карти за се, објавена е информација дека фестивалот Егзит кој традиционално се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, соседна Србија, и покрај актуелната пандемија на корона вирус, ќе го реализира своето јубилејно 20-то издание, сепак настанот е одложен.

Според првичната информација, настанот беше закажан од 13-ти до 16-ти август, со најмалку 20 бини и зони ширум тврдината, меѓу кои се и главната бина, к mts Dance Arena, Latino Stage, Beats bina, X-Bass Pit, Urban Bug, Guarana AsFM и Gaia Experiment Trance Stage и др.

Организаторите најавуваа дека фестивалот ќе се реализира во соработка со здравствениот тим на Владата на Србија и во согласност со официјалните мерки за заштита, така што сите посетители, изведувачи, како и членовите на тимот кои учествуваат во организацијата ќе бидат максимално заштитени.

Влезниците по цена од 3.700 денари веќе се пуштени во продажба, и на страницата за продажба на билети беше објавена листа на веќе потврдени изведувачи, со соопштение дека истата во тек на наредните недели ќе била дополнета. Сепак, пред неколку часа од фестивалот на својата официјална страница излегоа со соопштение дека јубилејниот настан дефинитивно нема да се одржи.

-Бидејќи здравствената состојба во земјава не се подобри, а здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот ни е на прво место, настанот дефинитивно нема да се одржи од 13-ти до 16-ти август. Поместувањето на датумот е обемен процес кој бара време, па ве молиме за трпение. До крајот на месецот ќе се објават датумите за Егзит 2021, како и опцијата за враќање на средствата за купените билети – соопштуваат од организацијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости