Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „ПОП КУЛТУРА“.
На ПОП КУЛТУРА со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba“.
ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и е резултат на партнерска соработката со „ZIMA“, „WHY2K?“ и Лабораториум.
На сцената публиката ќе има извонредна можност на едно место да ги чуе во живо песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп музика.
ПОП КУЛТУРА прави пресек на хип-хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветена работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и воопшто млада македонска урбана култура.
„Поп Култура“ наскоро ќе добие и винил издание, албум-компилација кој дава пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на се уште најценетиот носач на звук во светот – Винилот. Плочата ќе биде во издание на ПМГ Рекордингс од Скопје.
Билетите за фестивалот (200 денари претпродажба, 300 денари на врата) може да се обезбедат во Лабораториум и онлајн на bileti.mk.
Информации за фестивалот ПОП КУЛТУРА и останатите настани и активности на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ редовно се објавувани на креираните страници на Инстаграм и Фејсбук:
https://www.instagram.com/silata.eu.mladite/
https://www.facebook.com/profile.php?id=61555651569339
ПР