75
Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен победи на трката која вечерва се одржа во Монтреал за Големата награда на Канада.
Покрај временските промени на стазата „Жак Вилнев“, инцидентите, беше активирано повеќепати и безбедносното возило.
Ферстапен ја започна оваа трка од второто место, а на крајот дојде на врвот на пиедесталот, при што ја забележа шестата победа сезонава или 60-та во кариерата.
Зад него остана Норис од Мекларен, додека трет беше Расел од Мерцедес.
Бодови освоија уште Хамилтон, Пјастри, Алонсо, Строл, Рикардо и Гасли. Најголемо разочарување викендов беше Ферари кој и вчера беше очаен во квалификациите, вечерва пак трката не ја завршија ниту Шарл Леклер ниту Карлос Саинц.