Ферстапен е светски шампион во Формула 1 – Холанѓанецот ги надмина Сена и Лауда

by Fokus

Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1 откако заврши на петтото место во Лас Вегас за да обезбеди неостварливо водство пред Ландо Норис, кој заврши шести.

Џорџ Расел славеше во Лас Вегас, стартувајќи од пол-позицијата пред тимскиот колега Луис Хамилтон, додека Карлос Саинц беше трет.

Четвртата позиција ја зазеде неговиот тимски колега Шарл Леклер, додека Ферстапен и Норис завршија на петтото и шестото место.

Со својата четврта титула, Ферстапен се изедначи по бројот на титули со Ален Прост и Себастијан Фетел, а ги надмина легендите како Аиртон Сена, Ники Лауда и Џеки Стјуарт. Повеќе титули од него имаат само Михаел Шумахер, Луис Хамилтон (седум) и Хуан Мануел Фанџо (пет).

Кај конструкторите драмата би можела да трае до крајот во Абу Даби.

Водечкиот Мекларен има 593 бодови, второпласираниот Ферари има 557, а третопласираниот Ред Бул има 544 бодови.

Поврзани новости