ФЕРО ИНВЕСТ почна да произведува трафостаници за електрани од обновливи извори

by fokus

ФЕРО ИНВЕСТ преку своите фирми ЕМС-Energy Maintainance Solutions и БРАКО почна да произведува електрични трафостаници, коишто можат да се користат за електрани на обновливи извори на електрична енергија, но и за други индустриски капацитети, за станбени згради и населби, и за други потреби на компаниите и граѓаните.

Трафостаницата е проектирана од архитектите од ФЕРО ИНВЕСТ/ЕМС, електричната опрема во трафостаницата е изработена и поврзана од инженерите и техничарите во ЕМС, а металниот монтажен контејнер е изработен во БРАКО.

Во трафостаницата е сместен трансформатор кој има капацитет за трансформација од 10 KV на 800 V, како и ниско напонски и високо напонски ќелии, што ја прави идеално решение за фотоволтаични електрични централи, но и за други електрани од обновливи извори на енергија. Објектот лесно се поставува на потребна локација, со бетонски постамент, кој овозможува стабилност, а од нарачка до испорака потребни се само два месеци.

Со оваа трафостаница, ФЕРО ИНВЕСТ целосно го заокружува процесот за изведување на електрани од обновливи извори- од поддршка при добивање на документација и проектирање, преку изградба, поврзување и пуштање во употреба, па се до одржување и мониторирање на работата нa една електрана, како и откуп на произведената електрична енергија.

ПР текст

Поврзани новости