По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија“ во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција.Ова го изјави за МИА директорот на студентскиот дом, Агим Фејзулаху.
Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната од Државниот пазарен испекторат за функционирањето на кујната денеска е тргната.
-Стигнати се резултатите и од од сите брисеви што се земени од кај нас се негативни, односно не е земена бактерија која би предизвикала труење, по прерземени активности донесена е заедничка одлука да започнеме со работа, да биде тргната забраната за работењето на мензата, бидејќи со појавата на симптомите кај некои студенти државниот санитарен инспекторат донесе забрана се додека не излезат резултатите. Институциите ќе си продолжат со постапувањето со цел утврдување на причината за појавата на симптомите, на нас ни беше важно ние да излеземе чисти и нормално да функционираме со цел да понудиме исхрана, вели Фејзулаху.