Фејсбук објави дека забраната за пристап на талибанците до нивната мрежа ќе остане дури и ако САД ги укине санкциите воведени за групата што ја презеде контролата врз Авганистан, изјави денеска шефот на бизнис-секторот на оваа социјална мрежа.
-Нема да им биде дозволен пристап до мрежата се додека тоа го пропишуваат американските закони, но дури и кога тоа е законски возможно. Tреба да направиме анализа за да утврдиме дали талибанците ја прекршуваат или не нашата деловна политика против опасни организации – изјави тој.
Стејт департментот не ги вклучи авганистанските талибанци во групата странски терористички организации, како што е случајот со пакистанските талибанци.
Сепак, Вашингтон официјално ги карактеризира авганистанските талибанци како „специјално категоризирана глобална група терористи“, што значи дека нивните средства се замрзнати во Соединетите држави, а на американските граѓани им е забрането да работат со нив.