Фејсбук ја отстрани страницата на ОМО Илинден на денот на средбата со Пендаровски!

by fokus

Во исто време додека траеше средбата на претставници на македонските здруженија од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски, Фејсбук ја отстрани страницата на ОМО Илинден Пирин, информираат од партијата за „Фокус“.

Според известувањето што го добиле од Фесјбук, причина е прекршување на правилата на мрежата, односно „спамирање“ (масовно испраќање на идентични пораки до голем број корисници).

Страницата сега е необјавена, или терминот кој го користи Фејсбук „unpublished“. Ова значи дека страницата не може да се пронајде, а можат да ја гледаат само администраторите на истата.

Процесот на враќање на „unpublished“ страница е многу комплициран. Администраторите треба да поднесат жалба до Фејсбук, а често е потребно и да бидат избришани сите претходни објави на страницата. Можно е и страницата никогаш да не биде вратена.

К.С.Б.

 

Поврзани новости