Роџер Федерер, поранешниот најдобар тенисер на светот, за британски „Телеграф“ проговори за врската со Новак Ѓоковиќ.
Швајцарецот потсети на нивната прва средба во 2006 година во Монако кога Федерер победи по три сета – 6:3, 2:6, 6:3.
„Првпат играв со него во Монако и кога излегов од теренот помислив: „Да, тој е добро“. Мислам дека му дадов почит колку што заслужува поради техничкиот пропуст. Мислев дека Новак има екстремно цврсто држење во неговиот форхенд, додека неговиот бекхенд не беше толку флуиден како што денес е неверојатно чудовиште“, рече Федерер и продолжи:
„Претпоставувам дека им ја расипа забавата на фановите на Рафа и Роџер. Кога дојде, многу луѓе помислија: „Видете, не ни треба трето момче. Задоволни сме со Роџер и Рафа“.
Тој смета дека Новак бил погрешно разбран во текот на кариерата.
„Мислам дека е малку погрешно разбран. Гледам подалеку од медиумите и гледам каков човек е. Ако му ја одземам играта, кој е тој? Кои се неговите животни вредности. Знам дека многу се грижи за своето семејство“, заклучи Федерер.