Федерер: Се додека Ѓоковиќ е на патот, се е потешко…

by fokus

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по синоќешната победа над Кевин Андерсон се избори за полуфинале на Мастерсот во Лондон и можноста да стигне до 100-от трофеј во неговата кариера.

Сепак, Швајцарецот смета дека се додека Новак Ѓоковиќ е во игра, тешко ќе биде да се дојде до целта.

– Се обидувам да се фокусирам на полуфиналниот меч. Прво треба да се добие полуфиналето, а потоа да се размислува за трофејот. Се уште не се знае мојот следен противник. Како и да е, сигурно е дека Новак ќе игра во полуфиналето, а кога тој е во конкуренција, тежок е патот до трофејот. Далеку е 100-та титула, изјави Федерер.

На Мастерсот во Лондон денеска на програмата се мечевите од третото коло во А-групата по кои ќе бидат познати полуфиналните двојки.

Досега место меѓу четирите најдобри обезбедија Федерер, Андерсон и Ѓоковиќ, а за последното место конкурираат Зверев и Чилиќ.

Warwick Daily News

Поврзани новости