486
Швајцарец Роџер Федерер, по поразот од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на УС Опен, беше разочаран, но и оптимист дека сепак може да победи на еден од следните Грен слем турнири.
– Мислам дека сезоната ќе испадне добра. Сега сум вознемирен, но сè ќе биде добро. Немам кристална топка и не можам да ја знам иднината, но се надевам дека сепак ќе имам можност да освојам некој Грен слем турнирот, изјави Федерер.
Триесет и осумгодишниот швајцарски тенисер беше трет носител и многу посакуваше да го освои УС опен, но стигна само до четвртфиналето.