665
Еден од најдобрите тенисери, Роже Федерер сосема неочекувано е опериран на десното колено.
Според информациите, тој ќе паузира до Вимблдон и нема да игра на мастерсот во Индијан Велс и Мајами.
„Десното колено ме боли веќе некое време. Се надевав дека ќе помине, но после прегледите одлучив за операција во Швајцарија. Докторите ми рекоа дека тоа е правилна одлука. За жал нема да играм во Дубаи, Индијан Велс, Мајами и на Ролан Гарос. Се гледаме на тревата“, истакна Федерер.