67
Федерална судијка денеска го отфрли обвинението против Доналд Трамп во кривично дело поврзано со неговото несоодветно чување на доверливи владини документи на неговиот имот во Мар-а-Лаго, откако тој ја напушти функцијата.
Судијката Ајлин Канон од Флорида, која беше номинирана од Трамп, заклучи дека специјалниот обвинител Џек Смит е незаконски назначен на функцијата и нема овластување да го отповикува Трамп.
Ова е уште една голема правна победа за Трамп, по одлуката на Врховниот суд на 1 јули, кога беше заклучено дека поранешниот претседател ужива имунитет од гонење кога станува збор за бројните дејствија што ги презел додека бил на функцијата, потсетува Гласот на Америка.