Премиерот Зоран Заев денеска оддржа средба со новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнс. Како што соопштија од владата, Заев и Брнс се согласиле дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и за заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани кон мирот во светот.
„На средбата е изразена подготвеност за прифаќање на обврските кои произлегуваат од полноправното членство на НАТО до крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година, како што е зголемувањето на БДП од 0,2 отсто годишно на 2 отсто до 2024 година, модернизација на армиските капацитети и зголемување на учеството во заеднички мисии. Амбасадорката Брнс рече дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и посакаат добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, и додаде дека ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да продолжи успешно, економската и политичката соработка меѓу САД и РСМ“, стои во владиното соопштение.