Втора ноќ нереди во Франција откако полицаец уби 17-годишно момче, уапсени 77 демонстранти

by Fokus

Во Франција синоќа продолжија насилствата, особено во парискиот регион, каде полицаец уби седумнаесетгодишник, кој одбил да го послуша. Демонстрантите во повеќе градови палеа и се судрија со полицијата, при што се уапсени 77 луѓе.

Ситуацијата во Нантер, на 15 километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. Демонстрантите на зградите поставија транспаранети „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.

Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите возвратија со камења. Според Ле Монд, во Нантер, полицијата била принудена делумно да се повлече.

Во околу дваесет општини во Сена-Сен Дени, департман во североисточниот дел на Париз, пријавени се пожари.

Поврзани новости