ФДМ: Договорот со Бугарија е вистинска можност за решавање на долгогодишните спорови

by fokus

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија претставува вистинска можност за отворен дијалог и решавање на долгогодишни спорни прашања, и зацврстување на взаемната доверба и почитување, пишува во соопштението на Форумот за Демократска Македонија (ФДМ), глобална организација на демократски ориентираните иселеници од Македонија.

„ФДМ ја поддржува определбата на владата на Република Македонија за унапредување на односите со соседните земји и продлабочување на взаемната и регионална соработка во економската, политичката и општествената сфера.

ФДМ во Договорот гледа конкретен обид за стабилизирање на односите со Република Бугарија и во регионот воопшто, и поголемо приближување кон европските вредности и заложби за подобрување на економскиот развој и безбедноста. ФДМ ја поздравува иницијативата на Република Македонија и Република Бугарија и го поддржува билатералното потпишување на Договорот“, се вели во соопштението.

Поврзани новости