ФБИ врши претрес во канцелариите и во домот на адвокатот на Трамп, Руди Џулијани

by Fokus

Агентите на американското Фистражно биро (ФБИ) извршиле претрес во куќата и канцеларијата на поранешниот градоначалник на Њјорк Руди Џулијани.

Џулијани исто така беше личен адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Би-би-си наведува дека претресот е дел од истрагата за деловната активност на Џулијани со Украина. Истражувањата биле извршени во стан и канцеларија во Њујорк.

Американските медиуми јавуваат дека од просториите на Џулијани биле однесени неколку електронски уреди.
Меѓу другото, Џулијани е обвинет и дека не се регистрирал како странски агент. Според Законот за регистрација на странски агенти, лицата кои работат како претставници на странска земја треба да бидат регистрирани според овој закон.

Џулијани одигра централна улога во обидот да се изврши притисок врз Украина за истрага против синот на Бајден Хантер, за неговата улога во управниот одбор на украинска енергетска фирма. Тој исто така беше клучен во отповикувањето на поранешниот американски амбасадор во Украина, кој сведоеше на конгресното сослушување за импичмент на Трамп.

Хантер Бајден се соочува со одделна истрага за избегнување данок од Министерството за правда на САД.

Наредбата за претрес во средата не алудира дека Џулијани направил криминал, но тоа сигнализира дека се засилуваат активностите околу случајот за поранешниот градоначалник.Инспекторите досега објавија неколку детали за случајот и останува непознато дали Џулијани на крајот ќе се соочи со обвиненија.

Налогот за претрес го потпишал федерален судија. Налозите против адвокати, како што е Џулијани, треба да бидат овластени од високи службеници на Министерството за правда, пренесува Асошиејтед Прес.

Џулијани почна да го застапува поранешниот претседател во април 2018 година кога Трамп беше под истрага за неговата поврзаност со руското влијание во претседателските избори во 2016 година.

Откако Трамп ги изгуби изборите во ноември, Џулијани имаше повеќе јавни настапи на кои зборуваше дека треба да се поништат резултатите од изборите.

Поврзани новости