Канцеларијата за односи со јавноста на американското Федерално биро за истражување (FBI) и Амбасадата на САД во Република Македонија организираат посебна работилница за односи со јавноста, на која што обучуваат дваесеттина македонски службеници од МВР.
„Работилницата е посветена и на комуникациските начела со посебен осврт кон кризната комуникација, социјалните медиуми и онлајн комуникацијата, кампањи на социјалните медиуми, публицитет на лица во бегство и други осомничени лица. Воедно, е исполнета со низа практични вежби“ – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Според Димоски, во работилницата учествувале вработени од секторите од Охрид, Велес, Битола, Тетово, Куманово и Штип.
Предавачи се Саманта Шероу и Мајкл Кулстад, портпароли од Канцеларијата за односи со јавноста на ФБИ во Вашингтон.
Вики Клинчарова