477
Почетокот на објавувањето на прислушкувањата од страна на СДСМ за многумина можеби и звучеше како кредибилен процес, но потоа излезе дека главната цел на овој скандал е политичката дискредитација на Демократската партија на Албанците, изјави Беким Фазлиу од оваа партија, откако Зоран Заев на албанската телевизија Топ Чанел говореше за прислушување на албанските функционери и политичари.
– Вчера на една албанска телевизија имавме можност да го слушнеме претседателот на СДСМ Заев, политичкиот наследник на Глигоров и Црвенковски, кој, како политички шарлатан, на хистеричен начин ја искажа големата омраза што ја има кон Албанците, не само за овде во Македонија, туку и за Албанците во Албанија и Косово – рече Фазлиу.